Скопје е домаќин на Европскиот шаховски шампионат
Foto

Скопје е домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено отворен на церемонија, што се одржа во хотелот „Хилтон“, во Скопје.

Претседателот на Европскиот шаховски сојуз, Зураб Азмаипарашвили ги поздрави сите учесници и гости, укажувајќи на важноста на настаните како што се Европското првенство во шах. Тој им посака на сите играчи фер игра и добри резултати и го прогласи шампионатот за официјално отворен. Претседателот на шаховската федерација на Северна Македонија, Благоја Богоевски, им се обрати на присутните и им се заблагодари на Владата и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија, менаџментот на Хилтон и Европската шаховска унија за организација на Првенство.

Азмаипарашвили му додели на директорот на Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија, Дарко Кaевски почесна плакета како симбол на благодарност за поддршка на настанот.

Кaевски не го криеше своето задоволство и истакна дека е многу среќен што во моментов во Скопје е во тек еден од најпрестижните шаховски настани ширум Европа им се заблагодари на организаторите а посебно на Претседателот на шаховската федерација на Северна Македонија за целокупниот ангажман а исто така и на Европскиот шаховски сојуз.

Техничкиот состанок на настанот се одржа по церемонијата на отворање во салата за игра.

На состанокот претседаваше главниот арбитер, Ашот Вардапетјан, началникот на Апелациониот комитет, Адријан Михалчишин, и началникот на организациониот одбор, Благоја Богоевски. Распоредот и правилата на натпреварот беа објаснети на учесниците.

Првиот круг започнува денес во 15:00 часот по локално време.

0 Коментари

Остави коментари