Скопје домаќин на офталмолошки научници: Најнови методи и достигнувања во очната хирургија

Денеска се одржа најголемиот офтамолошки симпозиум „Новитети во офтамологијата и во светот“ организиран од групацијата на очни болници во Македонија. Покрај предавачи од Македонија дел од овој симпозиум беа и предавачи од соседните држави и Европа. Се прикажаа најновите методи и достигнувања во хирургијата на катаракта, хируршка ретина, медикал ретина и детска офтамологија.