Скопје денеска го празнува 13 ти ноември – денот на ослободувањето
Foto

Скопје денеска го празнува 13 ти ноември – денот на ослободувањето

13 ноември 1944 година е датум со посебно значење за градот Скопје, на овој ден градот ја доби долго посакуваната слобода, во која борба , 4654 граѓани на Скопје ги загубија животите како жртви во фашистичкиот терор.

75 години градот оддава признание на сите борци за слобода, пред споменикот на Ослободтителите на платото пред Владата и денес бројни делегации од земјава и странство положија свежо цвеќе и оддадоа длабока почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за ослободување на градот, и сите преживеани борци кои беа присутни на свеченоста.

За градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, 13 ноември е датум кој не обврзува на почит и верност кон овој град , не заборавајќи притоа колку е скапа слободата.

Потсетувајќи се на деновите од Народно ослободителната антифашистичката војна, претседателот на Сојузот на Борците, Ѓорги Стаматовски , истакна дека актуелната состојба во Македонија, потсетува на состојбата од војната. 

Според истражувањата кои ги има направено хроничарот на Скопје, Данило Коцевски, овој ден пред 75 години бил исполнет со незаборавна радост. И оваа година, со љубов за скопје и најмладите низ активности и песна го учеа значењето на празникот и тежината која ја има овој ден за главниот град.

0 Коментари

Остави коментари