Скопјани наскоро нема да добијат брз автобуски превоз - ВМРО-ДПМНЕ и Левица гласаа против

Скопјани наскоро нема да добијат брз автобуски превоз. Проектот кој претходно  две години беше отфрлен од страна на градоначалничката Данела Арсовска, вчера не доби ниту „зелено светло“ од советниците во градот.

На гласањето 19 советници биле „за“, двајца гласале „против“ и двајца  воздржано. Воздржано гласал Горјан Јовановски од Зелен Хуман Град кој за ТВ 24 вели дека не може да го поддржи проектот се додека не дознае за што точно се работи, објасни дека советниците немале можност да го видат истиот, ниту пак градоначалничката Данела Аросовска им го презентирала.

Советнциите на ВМРО-ДПМНЕ пак бараат објаснување од  Арасовска зошто се продолжува овој проект кога тој не бил дел од нејзината програма за модерно Скопје. Се претпоствува и дека причината затоа што не дале поддршка за овој проект е и неисплаќањето на нивните паушали од страна на градот кое трае веќе седум месеци.

Според Левица, Скопје треба да добие трамвај наместо БРТ, како што велат, потребни се конечни наместо половични решенија. За советниците пак кои ја поддржаа одлуката, станува збор за важен проект за развој и решение за сообраќајните проблеми на главниот град. 

БРТ проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси. Собранието уште во 2021 година го донесе Законот за задолжување на Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договор за заем за финансирање на проектот.

Според овој Закон, државата склучи Договор со ЕБОР и Проектен договор со Град Скопје. ЕБОР одобри заем од 70 милиони евра за реализација на проектот, пари кои две години „лежат“ неискористени и се чека да започне реализацијата на проектот.