Скопјанец ја тепал и давел бремената девојка, го убедила да одат на лекар и избегала од колата на семафор
52 годишен скопјанец ја тепал и давел 32-годишна вонбрачна партнерка која била бремена во втор месец, по што Јавното обвинителство поведе постапка против него за телесна повреда.
Осомничениот, во нејзиот дом физички ја нападнал бремената жена и во расправијата почнал да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи ѝ гребаници, отоци и хематоми на главата и телото. Жртвата, за да се спаси и да излезе од домот, го убедила осомничениот да одат на гинеколог за да направат ехо преглед и да го видат бебето.
Кога со автомобилот тргнале кон матичниот гинеколог и осомничениот застанал на семафори во центарот на Скопје жената успеала да избега од возилото и влегла во кафуле за да побара помош.
Јавниот обвинител достави предлог за мерки на претпазливост и обврска осомничениот да се јавува повремено кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа како и забрана за приближување на оштетената.

