Скенирањето на скопскиот аеродром на заболени од корона се направи половично
Foto

Скенирањето на скопскиот аеродром на заболени од корона се направи половично

Патниците од Истанбул и Дубаи кои денеска претпладне слетаа на македонскиот аеродром не ги поминаа превентивните прегледи за корона вирусот, поради неорганизираноста и некоординираноста на здравствените институции. Лекарскиот тим на македонскиот аеродром пристигна откако слета авионот од Дубаи, а термалната камера неколку пати се ресетираше.

Иако комисијата за заразни болести вчера одлучи сите патници од овие дестинации да бидат снимани со термо камери, здравствените институции не успеаја навреме да се подготват и сега не можат да гарантираат дека сите патници ги поминале превентивните проверки. 

„Не можам да тврдам дека сите патници се проверени бидејќи јас кога дојдов веќе беше пуштена камерата и во еден момент повторно се сетираше камерата. Нас кога ни беше кажено ние веднаш дојдовме, а каква е координацијата меѓу Министерството за здравство и Центарот за здравје, можам да кажам само дека вчера била одржана седницата на Комисијата за заразни болести, донесени се одредени заклучоци и по тие заклучоци се постапува. Вчера попладне беше Комисијата, јас утрово бев информирана и веднаш дојдов“. - вели д-р Марија Гочевска – Центар за јавно здравје.

Патниците од Истанбул и Дуаби имаат директна конекција со Кина, па затоа Комисијата за заразни болести уште вчера одлучи патниците кои доаѓаат од таму во земјава, покрај мерење на телесната температура, да добијат и информации каде да побараат лекарска помош, но патниците од Дубаи денеска не добија ниту информативни флаери. Дел од граѓаните велат дека поради ширењето на заразата гледаат што помалку да патуваат, друг дел пак велат дека не се плашат.

„Повеќе патувам со кола, со авион избегнувам, тоа не се знае каде ќе ти се погоди, секаде може да има некоја болест“

„Не знам за тоа, јас живеам во Германија, но не се плашам“

„Да, се плашиме, сега не спречува моментално да патуваме, а инаку кога не беше појавен вирусот патувавме почесто“

„Нормално дека се плашиме, тоа е сепак болест “

Според податоците од Министерството за надворешни работи над 1 000 Кинези ја посетиле Македонија. Во Кина пак, има околу 100тина Македонци кои живеат таму, но досега не се регистрирани наши државјани со коронавирусот.

Од МНР информираат дека македонските граѓани во Кина за подетални информации може да се обратат во македонската амбасада во Пекинг.

0 Коментари

Остави коментари