Скандалот со осудениот педофил Епстин ја тресе монархијата

Нови политички жртви во аферата епстин. Расте притисокот врз британската влада и врз Кир Страмер да си поднесе оставка откако се појавија документи кои откриваат соработка на британски политичари со осудениот педофил Џефри Епстаин.

Од позицијата веќе си заминаа двајца од најблиските соработници на британскиот премиер, директорот за комуникации и поранешниот шеф на кабинет,  а опозицијата и дел од лабуристите се погласно прашуваат уште колку оставки треба да има за Страмер да ја сфати пораката...

Квентин Пил - новинар

„Можеби неговите пратеници сега го поддржаа но добар дел од лабуристите не очекуваат Страмер да остане на функцијата ако резултатот од изборите кои ќе се оддржат на крајот на месецот и во мај се лоши. “

Владиниот кабинет застана зад премерот но опозицијата го користи моментот и го обвинува Страмер дека е најлошиот премиер кој земјата го имала во изминативе неколку децении...

Шкотските лабуристи јавно побара Страмер веднаш да ја напушти функцијата за партијатада има барем мали шанси на регионалните избори во мај...

Најџел Фараж – претседател на Реформската партија

„Сагата со Менделсон ни ги дава на виделина сите информации за тоа до каде е стигната корупцијата и луѓето вклучени во неа. Тоа е веројатно најголемиот политички скандал во последните сто години. И не е дека никој да не го предупредил премиерот. Сите знаеле за скандалот. “

А откако британската полиција најави дека ќе истражи дали принцот Ендрју тргувал со државни тајни, од Бакингемската палата порачуваат дека кралот Чарлс, е подготвен да соработува во истрагата против неговиорт брат...

портпарол на Кралот на Британија (Бакингемска палата)

„Кралот јасно, со зборови и преку дела, ја искажа својата длабока загриженост за обвинувањата кои продолжуваат да излегуваат на виделина во врска со однесувањето на г-дин Маунтбатен-Виндзор. Иако конкретните тврдења за кои станува збор треба да ги разгледа г-дин Маунтбатен-Виндзор, доколку не контактира полицијата, ние сме подготвени да ги поддржиме. “

На другата страна на атлантикот, во САД, Гислејн Максвел, најблиската соработничка на Џефри Епстин која е осдена на 20-годишна казна за трговија со луѓе , побара од Доналд Трамп да ја помилува доколку сакаат да сведочи дека актуелниот претседател на САД, како и поранешниот – Бил Клинтон, не се вклучени во аферата и не направиле ништо лошо кога станува збор за нивните контакти со Епстин... 

Гислејн Максвел

„Би сакала да одговорам на вашето прашање, но на совет на мојата одбрана, одбивам да одговорам на ова прашање и на сите поврзани прашања. Чекам одлука на мојата жалба и поради тоа се повикувам на 5-от амандман од уставот на САД.“

 Откако беше објавена последната серија документи поврзани со Епстин, претставничкиот дом на САД се обидува да го идентификува секој што бил поврзан со американскиот финансиер и можеби му помагал во неговата сексуална злоупотреба.