Скандалот со Онкологија влегува во Собранието – ќе се формира анкетна комисија

Има ли политичка одговорност и кој треба да ја понесе – ова е главното прашање на кое ќе треба да одговорат 14 пратеници, шест на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДМСМ, два на ДУИи еден на Алијанса за Албанците, откако власта ја прифати иницијативата на опоизицијата да се формира анкетна комисја во Собранието за скандалот на Онкологија.

 

Освен формирање на анкетна комсија, дел од пратениците на мнозинството дадоа поддршка и законодавниот иом да го разгледа ревизорскиот извештај за состојабата на Онкологиоја. Сепак собрансискиот спикер со ова го затвори дневниот ред, по реакциите на ВМРО-ДПМНЕ дека Онкологија е клучна тема, Џафери им порача дека само печалат поени.

Најдоцна за еден месец од завршувањето на работата, комисијата ќе треба да поднесе извештај до Собранието, а потоа да ја информира и владата, државната комисија за спречување на корупција и основното јавно обвинителство. Оваа комсија ќе биде една од многуте анкетни во собраниското постоење, но можеби единствена која што ја завршила работата до крај со заклучоци.