Скандал во банкарскиот сектор
Foto

Скандал во банкарскиот сектор

Откриен еден од најголемите банкарски скандали во светот. Според документите кои излегоа во јавност, големи светски банки им дозволувале на криминалци да префрлуваат валкани пари. Според првичните податоци, станува збор за милијарди долари, а Владите на повеќе држави молчеле. Според Би-Би-Си, документите покажуваат како руските олигарси ги користеле банките за да избегнат санкции, кои требало да ги спречат да префрлаат пари на Запад. Ова е последното во низата протекувања во изминатите пет години, кои обелоденија тајни зделки, перење пари и финансиски криминал.

- Банкарските документи кои се појавија, покажуваат дека големи светски финансиски институции префрлија над 2 милијарди долари сомнителни пари за мафијаши и нарко картели. - пренесува БИ БИ СИ.

Таканаречените „датотеки ФинЦен“ содржат повеќе од 2.500 документи за трансакции што банките ги испратиле до американските власти во периодот од 2000 до 2017 година. ФинЦен е кратенка за мрежата за истражување на финансиски криминал во САД, која се состои од истражувачи вработени во централната банка. Документите покажуваат дека најголемата британска банка ХСБЦ им дозволила на измамници да префрлат повеќе милиони долари украдени пари низ целиот свет.  Американскиот „Џеј Пи Морган“ и овозможил на една компанија да префрли преку милијарда долари преку сметка во Лондон, без да знае кој е сопственик. Банката подоцна открила дека е можно компанијата да е во сопственост на мафијаш од списокот на ФБИ на десетте најбарани мафијаши. Списокот е проширен и со други светски банки. Документите протекоа во „Базфид њуз“ и беа споделени со група истражувачки новинари од целиот свет, кои ги доставија до 108 новински организации во 88 земји. Единствено што засега се знае е дека овој скандал може да влијае на националната безбедност на повеќе држави.

0 Коментари

Остави коментари