Скандал со културната програма
Распределбата на средствата за културата е скандалозна и навреда за сите што работат. Потребна е итна децентрализација на моќта на министерот за култура, зголемување на буџетот за културата ,да се дефинираат критериумите и да има одговорност, порачаа културните работници, потписници на Иницијативата „Култура е насловна страна на секое општество“. Побараа формирање на работна група која ќе ги подготви критериумите за оценување на пријавените проекти. Меѓу нив и Мирко Попов од од ПМГ Рекордингс кој рече дека одговорноста за скандалот во министерството за култура не е само на Адеми туку и на целата Влада.
- „Да се воведе критериумот „одговорност“ преку кој ќе се овозможи санкционирање на неправилното работење и на ненаменското трошење на доделените средства побара кореографката Рисима Рисимкин потенцирајќи дека распределбата на парите од ресорот култура не смее да биде по случаен избор и во случајни околности, туку според претходно утврден, воспоставен систем и јасни критериуми.“ - изјави Мирко Попов - ПМГ Рекордингс.
Културните работници порачуваат дека нема повеќе простор за манипулација со културата и бараат средба со премиерот Зоран Заев, министерот Асаф Адеми, советничата за култура Цветанка Ласкова и националниот координатор Роберт Алаѓозовски – итна ревизија бараат и 10те директори на национални установи во земјава кои сеуште чекаат на средба со Заев.
По вечершаната средбата на премиерот Заев и министерот Асаф Адеми, се огласија и од министерството за култура.
- „На средбата беше усогласен ставот комисиите по дејности да ги преиспитаат одбиените пријави и на субјектите кои доставиле пријави на годишните конкурси да им се даде можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за пријавите кои имале формални недостатоци.“ - велат од Министерство за култура.
За скандалот во ресорот култура новиот состав на Антикорупциската комисија веќе оформи случај чиј исход јавноста го очекува .

