Скандал на онкологија: Се чешлаат историите на пациентите
Додека обвинителите ги чешлаат криминалите на Клиниката за онкологија, се истражува дали и колку од починатите пациентите се уште се водат како активни, дознава ТВ 24. Револтот и гневот се повеќе расте кај семејствата на починати пациенти од рак, онколошките пациенти, граѓаните.
Од Основното јавно обвинителство и МВР велат дека интезивно се вршат распити и се собираат докази, но не откриваат детали.
- Во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат опредлени сознанија. Отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази. Со оглед на фазата во која се наоѓа постапката обвинителството не е во можност да споделува детали. - велат од ОЈО.
Здравствените работници од Независниот синдикат го осудуваат случајот и ги поддржуваат протестите. Потенцираат дека оние кои биле дел од овој скандал треба граѓаните да ги дознаат со име и презиме а не да се оцрнува професијата и сите останати кои професионално си ја вршат работата.
Поранешниот министер за здравство и коалицискиот партнер во Влада, Арбен Таравари гостувајќи во Гласот на Америка на албански за скандалот на Онкологија вели дека треба да се расчисти до крај.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со став дека неказнивоста на грозоморен криминал се креира ново криминално грозоморие, велат молкот на институциите објаснува се. Од СДСМ со контра реакција.
- Христијан Мицкоски, наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции, која се отвора за прв пат после 20 години, ја политизира и ја поврзува со избори и ја меша со непостоечка надлежност. Oчигледно Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата за случајот на Онкологија, за се што се правело со грозоморната шема воспоставена пред многу години. - велат од СДСМ.
Пред девет дена Обвинителството отвори предистражна постапка откако во медиумите се прошири информацијата дека имунолошката терапија од цитостатиците, дел од вработените на Онкологија краделе и препродавале на црниот пазар.
Револтирантите граѓани утре во 18 часот повторно ќе излезат на протест пред Владата, а истиот ќе продолжи пред Основното јавно обвинителство. Се бара праведна разрешница и одговорност за сторените криминали кои со години се правеле на Клиниката за онкологија.