Скандал на онкологија: Меџити не коментира дали пациенти од Косово се лекувале на клиниката
Министерот за здравство Фатмир Меџити не сака да ги коментира наводите дека на Клиниката за онкологија доаѓале да се лекуваат пациенти од Косово.
Вели дека дури и да има такви информации, нема да ги сподели со јавноста, во интерес на истрагата.
Очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок и се надева дека пациентите само на тој начин ќе ја вратат довербата кон лекарите и кон здравствените институции.
На Клиниката за онкологија дониран е акцелератор пред седум години кој се уште не е ставен во функција. Истиот ќе биде ставен во употреба откако ќе биде сервисиран, поради долгиот временски период на, како што рече, фаќање прашина.
Министерот Меџити рече дека се прави попис за сите апарати кои се донирани а не се користат во здравството.