СЈО преслушало 96 отсто од „бомбите“
Foto

СЈО преслушало 96 отсто од „бомбите“

Специјалното јавно обвинителство обработило 96 отсто од вкупно 606.555 аудиофајлови со кои располага. Во извештајот за работата на ова обвинителство за периодот септември 2018 – март 2019 година се наведува и дека досега се издвоени 453.281 приватни разговори, а анализирани се вкупно 56 отсто од смс-пораките со кои располага ова обвинителство.од сјо информираат дека од септември лани досега отворени се предистражни постапки за 81 предмет. Вклучувајќи ги претходно отворените предистраги, досега во сјо се работи на вкупно 243 предистражни постапки.

Во истиот период, СЈО отворило 8 нови истраги против вкупно 64 лица. Од одобрениот годишен буџет од 3,7 милиони евра, СЈО годинава потрошило 16 отсто од парите.во извештајот повторно се потенцира дека се очекува во што пократок рок да се донесе законско решение со кое ќе му се овозможи на СЈО да стане интегриран дел од јавнообвинителскиот систем во државата.

0 Коментари

Остави коментари