Сити го победи Фулам, Халан прослави јубилеен 100 премиерлигашки гол
Манчестер сити синоќа го победи Фулам со 5:4 на гостински терен во 14. коло од англиската Премиер лига.
Ерлинг Халанд постигна гол и имаше две асистенции за гостите, Фил Фоден погоди два пати, Тијани Рејндерс еднаш, додека Сандер Берг постигна автогол.
Во домашниот тим Саму Чуквезе постигна два гола, Емил Смит-Роу и Алекс Ивоби имаа една реализација.
Голот на Халанд беше 100-ти во Премиер лигата.
- Горд сум и среќен што постигнав 100 гола во Премиер лигата. Но, кога си напаѓач на Манчестер сити, мора да објавуваш одлична статистика. И тоа е моја работа. Луѓето треба да ме критикуваат ако не постигнам гол, и тие обично го прават тоа, но на крајот на краиштата, како што реков, морам да постигнам гол, изјави Халанд по натпреварот во Лондон.
Манчестер сити има 28 бода и е втор на табелата во Премиер лигата. Фулам е 15. со 17 бода.

