Сите „спремни“ за избори: Власта ја чека опозицијата, опозицијата го чека народот
И власта и опозицијата подготвени за избори, но дали и кога ќе има, ниту едните ниту другите не сакаат да откријат...Владата тврдидека на граѓаните, во моментов многу поважни им се реформите отколку повторно да излезат на гласање, но доколку опозицијата инсистира на избори ќе го прифатат нивното барање..
христијан мицкоски – премиер на Македонија: „ Граѓаните не сакаат избори. Граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада. Затоа ја направив онаа споредба на почетокот - три спрема еден - на перформансите на оваа Влада во споредба со претходната влада. Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада четири години. Но, она што јас вчера го кажав, ќе го потврдам, а тоа е доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира, ние нема да седиме на страна како кукавици, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме “ .
Од опозицијата пак велат дека нема да дозволат да бидат алиби на владата...Најавуваат дека во следниот период ќе престават план кој очекуваат да ја добие довербата на граѓаните, без разлика дали ќе има редовни или предвремени избори...
Венко Филипче: Спремни сме со нешто што се вика мастер план а ќе го презентираме во текот на следниот месец. Мастерплан во неколку чекори во кој ако граѓаните ни ја да дат довербата на слените исбори , кога и да бидат, а ќе бидат кога власта ќе снема пари да троши на коруптивни зделки , да знаат кои се нашите ветувања . “
Предвремени избори бара и ДУИ...Од партијата сметаат дека и на премиерот му е јасно дека ваквата состојба е неодржлива и дека на државата и е потребен нов политички мандат...
ДУИ: „Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, нарушувањето на Охридскиот договор и слабеењето на застапеноста на Албанците во институциите. Затоа ДУИ бара изјавата на премиерот веднаш да се претвори во конкретно дејствување.“
Според ДУИ, ако понудата на премиерот е сериозна, тогаш нема причина за одложување..Тврдат и дека се подготвени да се соочат со политичките противници и дека сега на потег е собранието кое треба да се распушти..

