Сите службени возила во државата ќе добијат нови таблички во боја, нема казни за институциите што нема да постапат

За да се избегне злуопотребата по партиски митинзи, сите службени возила ќе се брендираат до крајот на месецов. Првиот човек на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томоски изјави дека постапката е започната. Возилата во сопственост на институциите ќе добијат нови специјални регистарски таблички.

Ивица Томовски директор на Служба за општи и заеднички работи.

„Им дадовме насока и препорака на сите институции во државата да отпочнат со промена на тие таблици. Ова нека биде втор повик. Имаат рок до 15 септември, овој месец да ги брендираат сите возила. Доколку и тоа не го направат, ќе повикаме по трет пат да се брендираат, со цел до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани“

Одлуката беше донесена на владината седница на 29 јули, а први чии возила веќе се брендирани се СОЗР, ТИРЗ, Агенцијата за храна и ветеринарство и Царинската управа

Денеска беа промовирани дел од новите регистарски таблички кои треба да бидат поставени на над 7500 службени возила. Но првиот човек на службата посочи дека и да се пробие рокот новиот правилник не предвидува казни.

Ивица Томовски директор Служба за општи и заеднички работи.

„Тука сте медиумите, тука сме инстититуциите да дадеме со какви возила располага државата, тука е Антикорупциска која веќе има некаков регистар. Да оставиме простор до крајот на неделава, чинам дека сите институции ќе одговорат. Правилникот ќе претрпи мали измени во текот на годинава, бидјеќи ги опфаќа и возилата кои што се за специфични намени, како што се дел од возилата на МВР и дел на Агенцијата за национална безбедност. Тие ќе бидат исклучени од ова брендирање, но сите останати ќе бидат брендирани. Зборуваме најмногу за возила кои го користи администрацијата. Да ќе има дел од МВР кои што ќе бидат исклучени, но дел ќе бидат брендирани, бидејќи ги користи администрацијата“

Изминативе неколку месеци владата во неколки наврати упати апел сите институциите да ги пријават возилата до Државната комисија за спречување на корупција.

Апелот следува откако ДКСК објави дека до законски предвидениот рок 18 август - институциите до кај нив пријавени само 1916 службени возила.