Системот „Безбеден град“ до крајот на годината ќе биде функционален во цела Македонија
Преку системот „Безбеден град“ ќе се регулира целата територија на Македонија до крајот на годината вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Министерот посочи дека станува збор за една од најголемите дигитални промени во областа на сообраќајната и јавната безбедност во државата.
Имплементацијата ќе оди постепено, во зависност од техничката подготвеност на секоја средина.
Изминатиот период граѓаните се жалаат дека добиваат пораки за наводни сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град“, Министерот Тошковски вели повика на внимателност и посочи дека работи работи на нивно истражување и откривање на изворот на измамите.
Целта на „Сејф сити“ не е репресија, туку зголемување на безбедноста во сообраќајот е само еден дел од објаснувањето за воведување на ваков систем со цел да се намали и бројот на несреќи. Системот „Безбеден град“ функционира на територијата на градовите Скопје, Тетово и Куманово и на коридорите 8 и 10.

