Систем за навигација за возилата на Итната медицинска помош во Скопје, донација од Стопанска банка
Foto

Систем за навигација за возилата на Итната медицинска помош во Скопје, донација од Стопанска банка

Возилата на Итната медицинска помош во Скопје ќе бидат опремени со систем за навигација и ГПС локација со што точно ќе се знае каде се и на местото на повик ќе биде испратено она возило кое е најблиску.

Станува збор за донација од Стопанка банка со која ќе бидат опремени сите возила на Итната медицинска помош во Скопје.

- Тоа значи дека за 21 возило секогаш преку централниот мониторинг точно ќе се знае каде се лоцирани и колку време е потребно да се јават и да се укаже итна медицинска помош. Ова значи дека значајно ќе се рационализира работата и дека до местото на повик ќе стигнува возилото кое ќе биде лоцирано дека е најблиску, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче при примопредавањето на донацијата.

Со ова, смета тој, целосно ќе се смени начинот на кој функционира оваа служба и граѓаните ќе добијат побрз пристап до итната медицинска помош.

Директорот на Здравствениот дом Виктор Исјаковски изрази задоволство од досегашната соработка со Стопанска банка и истакна дека се добиени и 12 медицински фрижидери од кои два се веќе инсталирани во поликлиниката Бит пазар.

- Се очекуваат уште 10 фрижидери кои ќе бидат наменети за вакцини и за сите потреби што ги имаме во овој временски период. Ги очекуваме и овие 10 фрижидери кои ќе бидат распределени во останатите поликлиники, изјави Исјаковски.

Директорот на Стопанска банка Диомидис Николетопулос ги охрабри и останатите компании да го следат нивниот пример и да бидат општествени одговорни со цел да се заврши и оваа последна фаза од пандемијата.

Стопанска банка уште минатата година кога земјава се соочи со пандемијата даде свој придонес со донација во респиратни машини и мобилен апарат за ренгенски снимки на белите дробови кои се инсталирани на Инфективната клиника.

0 Коментари

Остави коментари