Сиригос за ТВ 24: На нас не ни се допаѓа Македонци и македонски јазик, на вас не ви се допаѓа Северна, но тоа е компромисот

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис очекува мандатарот за премиер на Македонија јавно да изјави дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на земјата е Северна Македонија, во внатрешната и во надворешната употреба.

Премиерот на Грција, најави и дека прашањето за името ќе го покрене и на претстојниот самит на НАТО. Слично пред два дена во интервју за ТВ 24 изјави и пратеникот на Нова Демократија Ангелос Сиригос кој додаде дека грчкиот парламент ќе ги ратификува трите меморандуми, кога ќе види дека новата влада го користи новото уставно име република Северна Македонија.