Синот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази станаа обвинители

Барлет Џафери денеска на седница на Советот на јавни обвинители е избран за обвинител во Основното јавно обвинителство во Гостивар. Синот на собранискиот спикер Талат Џафер го мина изборот претходно под контроверзни услови, бидејчи Државната комисија за спречување на корупција објави дека тој положил правосуден испит пред да дипломира.

Синот на спикерот Џафери е еден од штотуку завршените кандидати на Академијата за судии и обвинители кои на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани на празните места во обвинителската структура.

Албулена Абази, сопругата на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, исто така денеска е избрана за обвинител во ОЈО Кичево.