Синот на пратеникот Трпевски од СДСМ, е меѓу загинатите во сообраќајната несреќа
Foto

Синот на пратеникот Трпевски од СДСМ, е меѓу загинатите во сообраќајната несреќа

Синот на пратеникот Благојче Трпевски од СДСМ од Гостивар е меѓу 13-те загинати во тешката сообраќајна несреќа, што се случи попладнево на автопатот Скопје-Тетово. Јовица Трпевски (25) загинал во несреќата откако автобус со 50 патници околу 17 часот излетал од автопатот и се превртел.

Имињата на 13-мината загинати уште не се официјално соопштени, а уште шестмина се борат за живот. Несреќата се случи попладнево кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ кој сообраќал на релацијата Скопје-Гостивар преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.

0 Коментари

Остави коментари