Синоќа престрелка во Белград, убиен познат српски бизнисмен
Foto

Синоќа престрелка во Белград, убиен познат српски бизнисмен

Познатиот српски бизнисмен Владо Поповиќ бил убиен синоќа во Белград, откако група маскирани напаѓачи упаднале во кафуле каде што тој седел, па испукале повеќе рафали кон него. Во нападот е повредено и 23-годишно момче, случаен гостин во кафулето, јавуваат денеска српските медиуми.

По убиството на бизнисменот, полицијата започнала акција „Виор“. Информациите се дека Поповиќ лани бил уапсен поради изнуда на 110.000 евра, а дел од медиумите го поврзуваат и со познати припадници на белградското подземје.

0 Коментари

Остави коментари