Синер ја мина осминафиналната фаза на Ју-Ес Опен до четвртфинално дерби со Медведев
Јаник Синер успеа да ја мине осминафиналната фаза на Ју-Ес Опен, фаза во која за ривал го имаше домашниот тенисер Томи Пол.
Пол беше мотивиран пред публиката во Њујорк, но Синер е поквалитетен од него и тоа Италијанецот го потврди со славјето од 3-0 во сетови.
Првите два сета беа изедначени, решаваа детали или поточно одлучувачки беше тај-брејкот во кој Јаник беше подобар со 7-3 и 7-5. Третата рунда пак апсолутно мина во знакот на фаворитот кој со 6-1 го потврди триумфот и закажа дерби четвртфинале со Данил Медведев.
Синер со ова влезе во одбрано друштво, поточно стана само осми тенисер кој од 2000 година во иста сезона успеал да дојде најмалку до четвртфинале на сите грен слем турнири.
Медведев води во меѓусебните дуели со Јаник со 7-5.