Синдиктот за култура на протест в четврток

Кој колку ќе попушти кога се во прашања загарантираните права помеѓу Синдикатот за култура и матичната институција Министерство за култура? Дали Уставниот суд ќе одигра клучна улога и во чија полза кога се во прашање парите за културните работници?

Синдикалците не отстапуваат. Во четврток ќе протестираат пред Министерството за култура. 

Од Министерството за култура велат дека: 

Министерство за култура 

„Уште денес е испратена покана до Синдикатот за култура и СОНК за утрешниот состанок во Министерството за култура. Целта е воспоставување на дијалог за изнаоѓање решение по однос на настанатите случаи а поврзани и со посебниот колективен договоркој формално-правно е со истечена важност но важи се до донесување на нов колективен договор. За останатите процеси веќе има судски постапки и ќе се чека исходот од истите. Но, ќе се чека и одлуката на Уставен суд.“ - велат од Министерството за култура. 

Од Синдикатот за култура велат дека ќе присуствуваат на состанокот но потенцираат дека нејасно е како Уставниот суд кој до сега два пати се има произнесено дека гранковиот колективен договор е во согласност со Закон и Устав за сега да носи трета одлука за да ја разгледа занинитоста и уставноста.  

Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и член 78-љ од Законот за култура. Во оваа фаза од постапката Судот смета дека Колективниот договор не се движи во рамките на законското овластување.