Синдикатот во Водовод против отпуштањата
Со протести и блокади на илинденска доколку градоначалничката Арсовска не седне на маса да разговара и да ги продолжи договорите за 100те вработени во ЈП Водовод и Канализација најави Марјан Ристевски претседател на КСОМ.
Порача да престане партискиот реваншизам преку работниците кои цел ден работат со фекалии.
Веднаш по незаконското разрешување на екс директорот на водовод Златко Перински, градоначалничката Арсовска со уште еден непромислен, избрзан и нечовчки упад и прекинот на договорите за околу 100 вработени изјавија од ВМРО.
Реакција и од СДСМ- Пари од тендер вреден 136 милиони евра е причината за жестоките кавги помеѓу Данела Арсовска и Христијан Мицкоски
Данела Арсовска за „Студио 10“ на тв24 изјави дека од вчера во јавното претпријатие Водовод и канализација се врши проверка на работата од страна на Управата за финансика полиција и Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Изјави и дека нема намера да се предомисли и од денеска ќе им заврши договорот на вработените во Водовод.
ТВ 24 побара став од новиот директор на ЈП Водовод и Канализација, Марјан Митовски за отпуштањата на вработените во претпријатието, а тој телефонски одговори дека се прават анализи на колку од вработените ќе можат да им го продолжат договорот со оглед на лошата состојба во која што се наоѓаат поради високите сметки за струја.