Синдикатот на вработените во културата стравува од кратење на платите-министерката смирува
Синдикатот на култура реагира дека со мартовските плати вработените во културата ќе ги изгубат 10% што им следуваат со Општиот колективен договор за јавен секор, министерката за култура демантира дека Нема промена во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура, посочувајќи дека никој на никому нема да крати туку дека единствената компонента која што од оваа плата е менлива, е минималната плата.
Синдикатите возвратија со барање министерката за култура да достави законски упатства за пресметка на мартовските плати со што ќе се испочитуваат Колективниот договор за култура и Општиот колективен договор за јавниот сектор.
Според министерката за култура од 2020 до сега платите на вработените во културата се зголемени за 52%, вклучително со мартовското покачување од 12% , од СКРМ најавија протести доколку тоа реално не се спроведе во пракса.