Синдикатот на УПОЗ револтиран за промената на работното време
Од УПОЗ револтирани за промената на работното време на администрацијата. Бараат итно повлекување на одлуката за фиксно работно време, бидејќи, според нив, тоа е спротивно на гранскиот колективен договор потпишан на почетокот на годинава во кој е утврдено флексибилно работно време.
Од синдикатот велат дека се затекнати од ваквата одлука, бидејќи не биле информирани и консултирани како социјален партнер, а ваквата одлука веднаш создала револт меѓу вработените.
Владата вчера одлучи сите вработени во државната управа од 1 октоври да имаат едно работно време од 8 до 16 часот. Според гранскиот колективен договор работното време на вработените е флексибилно. Започнува во 07:30 - 08:30 часот, завршува во 15:30 - 16:30 часот.