Синдикатот на Пошта најавува протести и штрајкови
Синдикатот на Македонска пошта бара итна средба со министерството за транспорт и врски и владата за состојбите во претпријатието кое, како што велат, е во тешка финансиска ситуација, се соочува со загуби во работењето и ризици за редовна исплата на платата.
Доколку во рок од пет дена не се одржи средба, најавуваат протести и штрајкови. Повторно апелира генералниот директор на пошта да го стопира огласот за 31 ново вработување во администрацијата на претпријатието, што сметаат дека е економски неиздржано.