Синдикатот на полицијата во Македонија со обвинувања за притисоци врз вработени во МВР, да не пријавуваат контакти со позитивни на ковид 19
Foto

Синдикатот на полицијата во Македонија со обвинувања за притисоци врз вработени во МВР, да не пријавуваат контакти со позитивни на ковид 19

Алармантна е состојбата во Единицата за внатрешни работи при МВР во скопска Гази Баба каде што началникот и неколку поставени незаконски раководители вршат принуда и притисоци кон полициски службеници да не ги пријавуваат контактите со заразени и позитивни луѓе на Ковид 19, обвини денеска Дејан Саздов генерален секретар на Синдикатот на полицијата во Македонија.

Тој на прес конференција рече дека во пресрет на изборите надлежните сакаат да предизвикаат хаос и безредие во МВР преку издавање наредби спротивно на издадените Наредби од највисокото раководство на МВР, за што ја користат службената положба и овластување според нивната хиерархиска поставеност во Бирото за јавна безбедност. При тоа Саздов кажа дека најмногу притисоци се пријавени во полициските станици во Драчево и во Арачиново.

А началникот на Единицата за внатрешни работи на Гази Баба, Музафер Каришиќ и командирот на полициската станица Драчево, Миле Трифуновски во кусите телефонски разговори за ТВ 24 рекоа дека не знаат за обвинувањата на Синдикатот на полиција на Македонија а одговори да бараме од портпаролот на министерството за внатрешни работи.

А од МВР пак одговорија дека заклучно со денешниот ден напладне евидентирани се 91 заболен вработен на ниво на целото министерство, при што како активни случаи во моментов се водат 74 полициски службеници. Во самоизолација се наоѓаат 229 вработени, а вкупно 440 вработени во МВР минале низ некои од здравствените мерки за заштита од корона вирусот.

Но од министерството не одговорија дали МВР има сознанија за притисоци врз полициските службеници во станиците во Драчево и Арачиново, дали пририсоците се пријавени во внатрешната конторла на министерството ниту што презема МВР за заштита на вработените во МВР.

0 Коментари

Остави коментари