Синдикатот на одбраната бара покачување на платите според инфлацијата и трошоците на живот
Зголемување на бодот за пресметка на основната плата за 20 отсто, ревизија на бодовниот систем на квартално ниво и решавање на статусот на професионалните војници до остварување право на пензија – се трите клучни барања што денеска ги соопшти Независниот синдикат на одбраната.
Од Синдикатото посочија дека е разговарано со надлежните во Министерството за одбрана но дека конкретни чекори се уште нема.
Тонско: Маријо Јуришиќ – на Синдикат на одбраната
Барањата од пред Министерството за одбрана ги елаборираа се со цел да допрат до надлежните и истакнаа дека целта е платите да бидат автоматски поврзани со реалните економски индикатори, како што се инфлацијата и трошоците за живот.
Јуришиќ нагласи дека доколку барањата не бидат исполнети, Синдикатот ќе остане доследен на дијалогот за да се најдат конструктивни решенија.
Од Министерството за одбрана велат дека ќе бидат разгледани барањата на Синдикатот и потоа ќе се произнесат.

