Синдикатот на Македонска пошта ќе информира за состојбата на претпријатието

Синдикатот на Македонска пошта денеска, ќе одржи прес-конференција пред објектот на Владата, на која ќе ја информира јавноста за состојбите во претпријатието.

- По одржаниот протест на 18 март годинава, Синдикатот на Македонска пошта, во насока на заштита на социјално економските права на работниците пред започнување на постапката за штрајк, побара итни средби со Управниот одбор и Владата, преку социјален дијалог да отпочнеме со процес на реорганизација и реформи за зачувување и стабилизација на претпријатието, односно прифаќање на барањата на вработените кои се од суштинско значење, велат од Синдикатот.