Синдикатот на културата најавува штрајк на 16 декември ако во најкус можен рок не се потпише колективен договор
Foto

Синдикатот на културата најавува штрајк на 16 декември ако во најкус можен рок не се потпише колективен договор

Синдикатот на култура најавува штрајк од 16. Следниот месец доколку во најкус можен рок не се финализираат преговорите за колективниот договор и тој не биде потпишан со обврска за негово целосно спроведување од 1 јануари следната година.

Од Советот на синдикатот информираат дека причина за активирање на штрајкот е заради ненадејното и за нив неоправдано прекинување на работата на работната група за изготвување на предлог колективен договор.

Од Синдикатот бараат министерството за култура јавно да одговори зошто е прекината работата на работната група за колективниот договор, зоштои покрај сите апели не се активира и дали е сè уште на ставот за потпишување колективен договор со спроведување од 1 јануари следната година.

0 Коментари

Остави коментари