Синдикатот на ГОБ „8 септември“ го поддржа генералниот штрајк на ССМ

Со поддршка за генералниот штрајк на ССМ за зголемување на платите за 2806 денари пред Градската општа болница „8-ми Септември“ излегоа лекарите од овој Синдикат.

Велат дека не се доволни овие 2806 денари но ја разбираат економската криза и се надеваат дека и овие 2806 денари ке дадат голем придонес во промена на коефициентите на платите. 

Покрај дефицит на кадар кој го имаат приватните здравствени установи, гинекологијата и Градската општа болница „8-ми Септември“ има дефицит на кадар, кој според претседателот на синдикатот Орце Ефтимов кадарот никогаш не е доволен, но сепак тие мора да продолжат да работат. Како синдикат реагирале  бидејќи им фалат многу места, но очигледно досега никој немал слух за тоа.

Многу здравствени работници размислуваат да ја напуштат Македонија и да заминат во странство каде нивниот труд повеќе  ке се цени. Според Државниот завод за статистика за 2021 година  само 47 лица се стекнале со звање доктор на науки, а се помал е бројот и на запишани студенти на Медицинските факулттети во земјава.