Синдикатот на филхармонија им испрати писмо - петиција на Мицкоски и Љутков за плановите за директор на институцијата
Вработените од Македонска филхармонија со отворено писмо упатено до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков поткрепено со петиција која досега ја потпишаа 100 од вкупно 120 вработени во институцијата.
Јавно прашуваат дали однапред се знае кој ќе ја раководи филхармонија уште пред да биде затворен конкурсот.
- Уште во јуни, пред формирањето на новата Влада, во еден медиум, г-дин Изет Меџити јавно објави дека ВЛЕН ја “добил” Филхармонија и дека Мустафа Имери ќе биде првиот Албанец, кој ќе раководи со институцијата. Оваа скандалозна објава ја руши легитимноста на конкурсот кој се уште е во тек, бидејќи името на г-дин Имери се уште фигурира низ кулоарите како сигурна и договорена опција за директорското место на нашата институција. - Синдикат Македонска филхармонија.
Пишува меѓу останатото во отвореното писмо од синдикатот. Реакцијата доаѓа откако претходно во гостување на телевизија 24 лидерот на коалицијата „Влен“ Изет Меџити уверува дека албанец ќе седне на раководната позиција во филхармонија.
Македонска филхармонија е единствен државен симфониски оркестар во земјата, кој осум децении освен што ја промовира класичната музика на највисоко ниво е главен промотор и на македонската музичка мисла и на домашните композитори и изведувачи од нејзиното основање до денес. Од министерството за култура и туризам го негираат обвинувањето од таму кусо велат конкурсот уште трае.
- Во врска со вашето прашање информираме дека конкурсот е активен и не можеме ништо да коментираме. - Министерство за култура и туризам.
Мисијата на нашите основоложници и претходници за нас е светост, таа е аманет, кој, ние вработените го чуваме како најскапоцен дар, и ќе продолжиме да се бориме за да го зачуваме, бидејќи Македонската филхармонија не е само единствен симфониски оркестар во државата, туку и верен чувар на нашиот национален идентитет, додаваат од синдикатот на Филхармонија.