Синдикатот до Џафери: Политиката надвор од полицијата

На кого не му е местото овде да ја напушти просторијата, ова однесување на Техничкиот премиер Талат Џафери во СВР Тетово вчера, денеска со низа реакции.

Од независниот синдикат на полицајци велат политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели. Му порачаа на Џафери подалеку да ја држи политиката од полицијата.

Од БЕСА пак за Џафери велат: Кападаи во Собрание, кападаи во Влада, кападаи во полиција, така се појавува овој човек, каде и да оди. Го потсетуваат дека токму тој и неговата партија се одговорни за ова малтретирање на граѓаните на Тетово и околината.

- За оваа посета да биде уште поскандалозна, техничкиот заборави дека обезбедувањето на средствата за работа на овие работници е обврска која треба да ја осигура владата, со која раководи тој и неговата партија веќе 22 години. Господине технички премиер, мора да дадете отчет зошто цело Тетово и околината, со 6 околни општини, со над 200.000 жители, има само една канцеларија за издавање лични документи?! Вие како самопрогласен "Ајнштајн", вчера сте направиле законски прекршок, бидејќи да се појавите во државните институции без најава и да влезете со камера, е законски прекршок и злоупотреба на личните податоци на граѓаните. - велат од Беса.

Инаку Џафери вчера беше во нејавена посета на СВР Тетово, каде според реакциите на јавноста бил во улога на инспектор. Техничкиот премиер ги прашуваше вработените кој и зошто се наоѓа во таа канцеларија, посочувајки им дека има 20 години искуство во војска, 20 во Собрание со цел да знаат дека со него нема манипулации.