Синдикатите со реакција за предлогот за зголемување на старосната граница за пензија
Неприфатлив е предлогот за граѓаните за одење во пензија на 67 години. Тие велат дека треба да има селекција врз основа на работното место, додаваат дека со просекот на живеење во Македонија поворзасните пензијата ќе можат да ја земаат само неколку години а други пак стравуваат дека нема да ја дочекаат.
„Треба да има некоја селекција врз основа на работното место.“
„За жал младите си отидоа и си одат кој ќе рабори значи пак поворзасните.“
„Они ќе бидат среќни веројатно да испоумре бајаѓи народ да го зголемат правото на пензија од 70години 75 нека биде и ќе има полн фон, ова држава не е.“
„Се повеќе млади луѓе умираат на помлада возраст, старосната граница дури мислам и треба да се намали поради тоа што како води светот се помлади и помлади луѓе умираат и не мислам дека некој ќе достигне до граница до 67 години да дочека и ако дочека не може да и се израдува на таа пензија.“
„Тоа е многу лоша работа, поради тоа што луѓето животниот век е некаде 60 70 години и пред да почине да не може да земе пензија. Цел век треба да работи државата ништо да не му возврати.“
Синдикалците се против предлогот да се оди на пензија на 67 години. Тие посочуваат дека поради непријавената работа државата годишно губи 250 милиони евра кои остануваат во џебот на газдите. Посочуваат да не се игра со здравјето и животот на работниците и граѓаните и без нивна волја и потреба да се продолжува нивниот работен стаж и да се изложуваат на опасност нивните животи со продочжување на работниот век.
„Потребно е воведување на повеќе услови за пензионирање, како пензионирање со навршени 40 години работен стаж за мажи и 35 години работен стаж за жени, предвремено пензионирање, воведување на бенефициран стаж за градежните работници како и во други дејности каде што работните задачи се одвиваат во особено тешки услови за работа кои штетно се однесуваат на животот и здравјето на работниците, старосна пензија - по возраст или работен стаж - по дејности, предвремена старосна пензија по возраст, неполна старосна пензија по возраст обезбедување на можност за докуп на стаж.“ - Слободан Трендафилов Сојуз на синдикати на Македонија.
Функционерите можат да одат и на 80 годишна вораст во пензија, кои што не подигнале ништо потешко од пенкало, вели Кристина Ампева од гласен синдикат. Таа додава дека македонскиот работник е доволно истрошен за да може да оди до 67 години на работа. Додава дека пред околу 3 години во направено истражување на текстилните работнички секоја трета која била на 55 годишна возраст поради изложување на прашина и хемикалии имала проблеми со здравјето.
„Така да веќе гледаме на 55 годиншна возраст равотничките секоја трета се соочува со хронично заболување. Меѓутоа за жал кај нас тоа е прашање за кое што ниедна власт нема да се засекира бидејќи фондот за пензиско е предмет на злоупотреба и предмет на кражба со годините наназад на никој нема да им се свиѓа тексилните работнилчки да имаат бенифициран стаж како некогаш во југославија.“ - Кристина Ампева Гласен синдикат.
Последните измени во однос на пензионирањето се пред неколку години, кога се направи отстапка за дефицитарни професии како доктори и професори да можат да работат плус две годни, по навршувањето на 64 годишна возраст.