Синдикатите очекуваат Владата да го исполни ветувањето за зголемувањето на минималната плата на најмалку 450 евра

Минимална плата од 450 евра не само што е реалност туку и неопходност, истакнаа од Сојузот на синдикати на Македонија  на одбележувањето ан 78 годишнината од нивното постоење. Првиот синдикалев Слободан трендафилов очекува средба со премиерот Мицкоски и министрите во првите 100 дена владеење, како што им било ветено. Вели ако има пари за функционерите, треба да има и за работниците кои очекуваат повисока минимална плата. 

 „Да ги бркате работниците во последните 30 години и денеска да носите работници од Непал кој патем ви бегаат од Македонија треба да ви удри во главата дека тоа што го правите како политика е недоволно а за возврат на тоа да барате и кратење на работничките права како елементарното право на човечкото достоинство во недела да бидете слободни како да не дозволувате зголемување на платите на вработените во приватниот сектор од една причина а тоа е дека не сте можеле да си дозволите додека пак податоците зборуваат дека 250милиони евра на годишно ниво работодавачите во приватниот сектор ја оштетуваат државата односо буџетот поради неплаќање од задолжително сопцијално осигурување, плаќање плата во плико или недоволно платени работници“, вели Слободан Трендафилов.

Трендафилов  вели додека земјите од регионот го зголемуваат порастот на минималната плата ние како држава не смееме да си дозвволиме да имаме најниско платени работници.

„Додека ние разговаравме дали треба да се зголеми минималецот во Македонија државите од регионот го зголемуваат со забрзано темпо па така реперот црна гора кои што имаше  450 евра минимална плата во наредниот период ќе има 600 евра плата за вработените со основно и средно образование, до 800евра минимална плата за вработените со високо образование, бугарија ќе има 500 евра, нашите колеги од србија преговараат за 500 евра минимална плата и сметаме дека не смееме да си дозволиме како општество, држава, како работници и како синдикати да дозволиме нашите работници да бидат најниско платени и повторно македонија да биде елдорадо како во 2008 година за странски компании кои ќе сакаат кој ќе сакаат да го експлотираат македонскиот работник“, вели Слободан Трендафилов- претседател на ССМ.

Синдикатите измерија дека сиундикалната кошница тежи повеќе од 1000 евра за едно 4 члено семејство да го помине месецо. Најмпогу од овие пари се трошат за храна и подрмирување на сметките.