Синдикатите обединети против Предлогот на закон за системот на плати во јавниот сектор

Синдикалните органиции од јавниот сектор на ист став дека со предлог законот за системот на плати во јавниот сектор им се се намалуваат правата на работниците во однос на платите како и елиминирање на можностите за уредување тој дел во колективните договори.

Од сојузот на синдикати велат дека властите сакаат да се укинат колективните договори во јавниот сектор и вработените да останата на минимална плата.

Синдикалците од клинички центар побарале средба со новоизбраниот министер за здраство Фатмир Меџити. Очекуваат следната недела да бидат повикани на разговар за правата на медицинарите.

Медицинскиот персонал пред една недела организирано нивниот синдикат излегоа пред здраствените установи на мирен протест од каде го побараа покачување на платите како што им било ветено и активно да се вклучуваат во преговорите за новиот закон за системот на плати и колективни договори.