Синдикатите на протести, бараат зголемување на платите како за функционерите
„Вчера го слушам премиерот вика не можеле функционерските плати да се скратат, ама нашите плати можат да се скратат.“
Геврекот кој поскапе остана за работниците, бифтекот за премиерот и неговите министри, синдикалците го прашаа премиерот и неговите функционери дали бифтекот кој е платен со парите на народот им е толку сладок што ги тера да го изедат и геврекот.
Фатмир Битиќи, го прашаа дали е сериозен дека ќе ја залажува јавноста со закани дека ќе им се зема од залакот на студентите и пензионерите, потсетувајќи го дека следат избори.
Јавнообвинителската служба му порача на Битиќи наместо да обвинува да ги засука ракавите и да проба од поскапениот геврек. На министерот за правда, Кренар Лога му порачаа да се позанимава со правдата, пред министерството го повикаа да размисли каква е таа правда кога за работникот останаа трошките.
Стигнаа пред Влада, но наместо отворена врата наидоа на отворен прозорец. Сепак пораката беше дека се премногу алчни како социјалдемократска влада, потсетувајќи дека бројката од 15.000 не е мала бројка за следни избори кои ќе излезат со пенкало во рака.
Им понудија конкретно решение без да кратат на студентите.
На протестот беа присутни и работници од Управата за заштита на културно наследство, Агенција за филм, транспорт и врски, земојоделство, животна средина и просторно планирање и работници од други министерства. На премиерот му посочија дека додека другите пловат ние тонеме. Го прашаа за каква Европска унија зборуваат кога функционерите сопствениот капитал си го дуплираа осиромашувајќи го сопствениот народ.