Синдикатите испорачаа барања за почитување на работничките права
Foto

Синдикатите испорачаа барања за почитување на работничките права

На одделни собири и во посебни првомајски манифести и прогласи најголемите синдикати во државава на Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај испорачаа барања за почитување на работничките права, повисоки плати, помош за тие што останаа без работа од почетокот на ковид пандемијата, помалку притисоци и поголема поддршка за синдикалното здружување. Заедничка констатација на сите е дека коронаризата ги уназади работничките права.

Нов закон за работни односи со европски стандарди  што ќе овозможи договорите за вработување на определено време да важат најмногу до една година по што автоматски да се трансформираат на неопределено време, породилното отсуство да трае 12 месеци, КОВИД -19 да биде професионално заболување платено со стопроцентен надомест, се дел од барањата што ги упати вчера Сојузот на синдикатите на Македонија на одбележувањето на 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот.

0 Коментари

Остави коментари