Синдикатите алармираат дека се злоупотребувала администрацијата на сите нивоа за учество на партиски митинзи

Вработени во јавниот сектор добивале закани дека доколку не се вклучат во предизборните активности ќе добијат отказ од работа, обвинуваат од Конфедерацијата на синдикални организации.

Според синдикалците, на дел од вработените им било наложено да се појавуваат на митинзи и на средбите со граѓани кои политичарите редовно ги имаат во предизборие.

„Апел дополитичките партии, апелираме да ги остават работниците, тие деа си ја презентираат својата програма. Ние сме подготвени ако некоја политичка партија да преговара со синдикати да ги испостави барањата, ние сме подготвени да разговараме, а работниците да си одлучат по своја волја како и апел до работниоците да пријавуваат кај нас во синдикат, и ние без пардон, таа институција тој раководител што ќе врши притисок без своја волја да оди на митинзи, јавно вака на пресконференции ќе ги објавуваме.“ - вели Марјан Ристески Претседател на КСОМ.

Синдикалците апелираат дека идната влада ќе треба под итно да го донесе ЗаКконот за работни односи, и со него да се стави крај на договорите на дело, времените вработувања. Нивните информации се дека во здравството има вработени и по 10 години без решен статус. Барањето на синдикалците е таквото вработување да биде максимун до една година.“