Синдикат на КПУ- Скопје: Постапките на поединецот не ги отсликуваат постапките на колективот
Foto

Синдикат на КПУ- Скопје: Постапките на поединецот не ги отсликуваат постапките на колективот

Од Синдикатот на КПУ Затвор Скопје, при синдикатот за администрација и државна управа – САДУ до Порталот Работник пристигна реакција во врска со вчерашниот настан за недоличното однесување на затворскиот полицаец.

Во реакцијата се вели дека со вчерашниот немил настан и после сите натписи во јавноста се оцрнува ликот и делото на припадниците на затворската полиција, пред се во затворот Скопје, како и во сите затвори во државата, синдикатот кој ги штити правата на оваа категорија на работници, како и на сите останати „цивилни“ вработени, чувствува потреба да се огради во име на сите членови на синдикалната организација за прикажаното недолично однесување на затворскиот полицаец.

Според синдикатот, постапките на поединците не треба да се ценат како постапки на колективот. Во оваа насока ги повикуваат сите новинарски куќи при пренесувањето на вакви или слични немили настани особено да обрнат внимание на незагрозување на достоинството на останатите службени лица како што тоа конкретно го сторил со намера или не нивниот колега од за него познати причини, особено оние кои носат државни униформи како што конкретно е затворската полиција.

Тие истакнаа дека како припадници на затворската полиција имаат потреба да укажат и на должната важечка законска регулатива од страна на сите, а во конкретниов случај инволвираните страни. Не сакајќи да бидат разбрани погерешно, тие го искажуваат следното:

„Да се замисли, на пример секој граѓанин во нашата држава кој сакајќи или не, во целост ја гледал видео снимката од вчерашниот настан, да би бил на местото на било кој од припадниците во моментот на прикажаната јасна визуелна слика на затворска полиција кои вршејќи ги своите должности прикажуваат несебично вложување и дополнителен влог во интерес како на притвореното лице и неговото здравје така и во интерес на установата, со цел спречување на настанување на поголеми последици по неговото здравје во момент кога истиот е под директна одговорност на установата. Во отсуство на соодветен стручен  здравствен персонал (болничар/и) од страна на болничката екипа повикана во дадениот момент за давање на прва помош на притвореното лице, нашите вработени како и вообичаено на сопствен ризик од можно бегство или не на лицето (за кое се всушност на должна задача)  да го обезбедуваат при спровод од/до надлежни органи, во интерес на општествено добро како и од морални човечки причини стануваат лица кои наместо да носат сина униформа, тие се во замислен „бел мантил“-болничари“

Од синдикатот наведоа дека обидувајќи се да го заштитат својот, како и идентитетот на притвореното лице за кое до момент на негова осуда за вина важи правото на презумција на невиност истите потребно е да се бранат од „нападите“ на новинарските екипи кои непромислено упорно  трудејќи се да се дограбат до информација и видео снимка плус за дневен настан, вршат директно нарушување на личната и безбедноста на семејствата на овие вработени лица, кои неуморно и со многубројни преминати пречки во секојдневното работење успеваат да ја завршат не само својата туку и работата на други служби, со нарушена своја приватност и приватноста на семејствата, не по нивна вина.

Тие додадоа дека прикажаното недолично однесување од само еден припадник на затворска полиција како што тоа беше случај во текот на вчерашниот ден, без оглед на причините кои го предизвикале или не да го стори истото никогаш па ни тогаш не е за оправдување и тие ја осудуваат ваквата постапка, но во насока на повик до медиумите за нивно посовесно извршување на своите работни задачи како и со цел укажување од наша страна за да не се нарушува приватноста на било кој припадник на затворска полиција во иднина доколку ваквото нивно постапување и понатаму продолжи, поуката од вчерашниот немил настан нека ја понесе не само непримерниот припадник на затворска полиција кој од установата е повикан на одговорност, туку дел од горенаведеново нека е поука и спречување на недозволено снимање.

На крајот од реакцијата тие поставија прашање: Обезбедија ли новинарските екипи согласност за снимање на службени лица при вршење на ниваната службена задача и откривање на нивниот целосен идентитет?

0 Коментари

Остави коментари