Синдикална кошница: Минимум илјада евра за преживување на месецот

Скоро илјада евра му се потребни на едно просечно семејство во земјава да го истурка месецот. Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари. Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци 21.952 денари или 36,4 проценти од вкупната сума.