Синдикална кошница: Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари

Скоро 1 000 евра изнесува минималната синдикална кошничка за месец февруари. Споредено со синдикалната минимална кошница за месец јануари која изнесува 57 163 денари е зголемена за 313 денари. Најмногу пари очекувано се трошат за храна и за подмирување на сметките.

Само за основните прехрамбени производи синдикатот измери дека граѓаните даваат 36, 9 отсто од семејниот буџет. Оние што живеат под кирија имаат уште поголема главоболка и трошоци. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец февруари нивната кошница изнесува 72 851 денари и е зголемена за 213 денари споредено со месец јануари кога изнесуваше 72 538 денари. Ручек или вечера во ресторан станува луксуз и за нив се троши најмалку, според пресметките 6,5 отсто.

Синдикална минимална кошница за месец февруари 2024 година

Структура на новата СКМ за месец февруари 2024 година
месечно домаќинство структура во проценти

Храна и пијалоци 21.219 36,9
Облека и обувки 4.902 8,5
Станарина, вода, електрична енергија, греење 6.014 10,5
Лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.797 3,1
Здравје 1.115 1,9
Транспорт 4.956 8,6
Комуникации 2.473 4,3
Рекреација и култура 2.245 7,4
Образование 7.022 12,2
Ресторан и хотели 3.733 6,5
Останати стоки и услуги 950 1,7
Вкупно СМК 57.476 100,0

 

Дел од граѓаните разочарани, особено оние со ниски примања. велат преживуваат од месец за месец.

Последните неколку месеци стапката на инфлација стагнира на околу 3%, во однос на истиот период претходната година. Според статистиката, трошоците на граѓаните за набавка на храна не се зголемуваат, а во исто време растат приходите односно просечната плата, но реалната состојба на терен барем од секојдневните анкети кои ги спроведуваме-не покажуваат дека на граѓаните им се подобрила куповната моќ, ниту пак им пораснал животниот стандард.