Синдикалецот Ралповски ќе зема паушал од 250 евра во ПИОМ, ги обвини ССМ дека и тие имаат свои претставници во други институции
Синдикатите во клинч за тоа кој кого застапува и кој тоа е на страната на работниците или на страната на власта. Двата репрезентативни синдикати во рамки на ЕСС, ССМ и КСС во фокусот на јавноста, овој пат кој тоа ги собира плодовите на Владата а кој тоа се бори за повисока минимална плата. На 3 феврари годинава, Владата го назначила претседателот на КСС, Благоја Ралповски за член на Управниот одбор во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување. Од Влада велат дека именувањето е извршено во согласност со важечките законски одредби.
„Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека информацијата е точна. Согласно член 156 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ), во составот на Управниот одбор е предвидено да членува претставник од синдикатите.“- велат од Влада на РСМ.
Изборот на Ралповски го потврдуваат и од ПИОМ, велат дека во Управниот одбор на ПИОМ има 7 членови , и дека месечниот паушал за секој член е различен.
„Во УО на ПИОМ има 7 членови , паушалот за секој член изнесува 15 535 денари, заменик претседателот 16 825 денари, а претседателот 18 120 денари. Ова ова е според последната исплата во јануари и се менува паушалот во зависност од просечната плата, Точно е дека претседателот на КСС е назначен за член на УО на ПИОМ и тоа со одлука на Влада на 3 февруари оваа година. - велат од ПИОМ.
Првиот синдикалец на КСС, Благоја Ралповски за ТВ24 вели дека неговото назначување е законски и ги обвини синдикалците дека се незаконски поставени за членови на Управни одбори во други институции.
„На Синдикатите со спогодбата за формирање на ЕСС им се доделени, заради контролата на работа на Фондовите, 4 места во УО, едно во Фонд за здравство, едно во фонд за ПИОМ, и две во АВРМ. Со оглед дека сега има два репрезентативни синдикати сите 4 места до сега ги држеше ССМ, меѓу кои Иван Пешевски и Герасов во АВРМ , Не само во ПИОМ туку треба да отстапат уште едно место во АВРМ каде што незаконски се до сега веќе 10 години тргајќи го КСС на страна. Плус 4 места имаат загарантирани ратодацачите.“ - вели Ралповски за ТВ24.
Возврати потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски – нагласувајќи дека разликата помеѓу него и Ралповски е тоа што тој е избор на работниците, односно на синдикатот а Ралповски е на Владата посочувајќи дека не станува збор за 10 години туку за нешто над 1 година како челн на УО на АВРМ.
„Точно е дека сум член на Управниот одбор на АВРМ, но не е точно дека сум незаконски предлог. Мене ме назначи УО на АВРМ на предлог на ССМ а не на Владата, и тука е разликата што Ралповски е избор на Влада а јас на ССМ. Разликата помеѓу мене и Ралповски е тоа сто ние ги застапуваме интересите на работникот а тоа јавноста го цени и согледува токму преку нашата синдикална борба за достоинствен живот на работниците.“- вели поптпретседателот на ССМ, Иван Пешевски.
На Сличен став е и Игор Герасов, претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство кој вели дека неговиот избор е синдикален избор а не на Влада.
„очно е дека сум член на Управниот одбор на АВРМ, но не е точно дека сум незаконски предлог. Мене ме назначи УО на АВРМ на предлог на ССМ а не на Владата, и тука е разликата што Ралповски е избор на Влада а јас на ССМ.“ - вели Игор Герасов – претседател на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство
Дел од експертите со кои порагозваравме прашуваат дали ваквите постапки за избор на членови на управните и надзорните одбори се производ на право или политика која задоволува нечии апетити.

