Синдикалците штрајкуваат, утре блокада на влезови и излези во Скопје

Сојузот на синдикати на Македонија од утре продолжува со генералниот штрајк во јавниот и приватниот сектор ама не секаде.

Во Делчево, Демир Капија и Виница нема да се штрајкува. На итна седница на штрајкувачкиот одбор - Претседстелството на ССМ го стави во мирување штрајкот откако трите општини беа погодени од силно невреме.

Покачувањето на минималната плата на 18.000 денари ја отвори пандорината кутија затоа што работниците од јавниот сектор имаат право да бараат поголеми плати па оттука штрајкот на Сојузот на синдикати на Македонија е оправдан, вели универзитетскиот професор, Борче Давитковски.

Од Сојузот на синдикати велат дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што, како што веалт од таму штрајкот вроди со плод така што на дел од работниците им е покачена платата за 2806 денари што е едно од главните барања на работниците и причина за генералниот штрајк. Затоа од ССМ информираат дека утре од седум до десет часот утрото ќе биде блокирана крстосницата во скопската населба Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна.

Од ССМ апелираат граѓаните однапред да го планираат нивното движење во наведениот период и да ја избегнат блокираната крстосница или пак, како што велат, оние што ќе патуваат во тој период солидарно да им се придружат на штрајкувачите.