Синдикалците на улица од рани зори - го блокираа влезот на Скопје

Синдикалците излегоа на улици. Преку тричасовна блокада, со барање за линеарно покачување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари, ССМ денеска ги повтрори барањата и им порача на пратениците и министрите да не ги манипулираат и власта да го исполни ветувањето дадено во јавност.

Следна која ќе биде повикана да седне на синдикално столче е министерката за труд и социјална политика за која синдикалците рекоа дека нема да имаат разбирање доколку министерката не ги брани правата на работниците.

После први јули ќе следува и барање за оставки на министрите ако не им овозможат подобар живот на работниците преку покачување на платите, велат синдикалците.

ССМ се одлучи на генерален штрајк откако пропаднаа и последните преговори со Владата за нивните барања за линерно покачување на платите во јавниот сектор.

Претходните денови, 120 столчиња осамнаа пред законодавниот дом со апел до пратениците да седнат и да го гласаат амандманот за покачување на платите, потоа следеше 21 столче пред Влада за министрите кои ветија но не исполнија, и едно столче за првиот финансиер, Фатмир Бесими од кого побараа да го одврзи ќесето и да им овозможи на работниците пристоен живот.