Синадиновска: Портали барале пари од брендови за да тргнат реклами кои не ни постојат
Foto

Синадиновска: Портали барале пари од брендови за да тргнат реклами кои не ни постојат

  Според извори од компании во земјава, дел од интернет-порталите барале пари од познати брендови за да тргнат реклама на фирмата или нивните производи од конкретниот портал, иако воопшто немало ниту разговор, а ни, пак, договор за рекламирање меѓу компанијата и веб-медиумот. Ова за Телевизија 24 го посочи Катерина Синадиновска од Советот за етика во медиумите, пренесувајќи ги загрижености кои компании им ги пренеле, а гостувајќи заедно со новинарката Менче Точи во вечерашното издание на „Отворено студио“.

- „Од она што интерно ние го дознаваме во последните разговори, конкретно со компаниите дека има и случаи кога дел од порталите си ставаат реклами, без воопшто реклама да има и притоа кога компанијата ќе се јави да забележи зошто има реклама кога тие не даваат пари да се рекламираат, овие велат: ,Ќе ни платите за да ја тргнеме рекламата!’.“ – пренесе претседателката на Управниот одбор на СЕММ.

    Шегувајќи се дека ова како пристап можеби треба да се патентира како „македонски уникатен феномен“, зашто досега не се познати вакви искуства надвор од земјава, Синадиновска го пренесе и ставот за тоа дека „големите директори“, самите – лично мора да преземат нешто против ова.

- „Овие компании да излезат и јавно тоа да го кажат. Затоа што навистина, преку глава ни е од големи директори и големи бизнисмени коишто се плашат или коленичат пред вакви ситни уценувачи или воопшто, загадувачи на медиумскиот простор. Значи тоа навистина е недозволиво. Така да, барем компаниите да бидат транспарентни дека се случува оваа појава.“ – истакна Синадиновска.

0 Коментари

Остави коментари