Симовски: Оружје имав јас, Игор Југ и Јане Ченто, се делеше од возило на УБК
Foto

Симовски: Оружје имав јас, Игор Југ и Јане Ченто, се делеше од возило на УБК

Претседателот Иванов на 27 ми арпил требало да прогласи вонредна состојба. Ова денес во својот исказ пред судот го кажа обвинетиот Михаил Младеновски, кој го нарече упадот во Собранието свесно направена манипулациј. Малденовски го посочи советникот на претсеадтелот Иванов, Синиш Алексовски дека ги информирал за тоа. Според него Алексовски уште кажал дека воена полиција чека на готовс да го апси раководството на СДС.

„ Никола Бошковски до УБК дојде со неговиот службен „голф“ и застана кај аптеката „ Зегин“, спроти Жена парк. Ни кажаа дека во возилото има оружје и дека треба да се подели на луѓе кои знаат да ракуваат со оружје бидејќи имале информации дека доаѓа група Албанци со оружје. Во меѓувреме стигна информација дека контактирале со советникот на претседателот Иванов, Синиша Алексоски, кој им рекол дека ќе се прогласи воена состојба и ќе се уапси раководството на СДСМ“.

Во врска со тоа дали тој и групата што била раководена од Александар Василевски Нинџа носеле оружје во Собранието, овој обвинет рече дека лично тој немал оружје со себе, но познато му било дека Нинџа имал дадено оружје. А за него кажал дека му било од директорот на УБК. Тој тврдеше дека за тоа како да се влезе во собрниоето инстркции добивал од никоал бошковски кој што како обвинет за прислушувањето избега во Грција. Неколку часа по настанот тој и брат му повторно се сретнале со заменик началникот Бошковски кој им дал упатства како да избегнат апсење.

„Не предупреди да ги фрлиме телефоните што ги користевме вечерта и облеката што ја носевме. Доколку не приведат требаше да кажеме дека со брат ми сме биле во кафуле и инстиктивно сме се упатиле кон Собранието“, тврдеше Младеновски.

Неговиот брат пак Стефан Младеновски кој исто така е обвинет, сведочеше дека настаните од крвавиот четврток се одвивале по сценарио поддржано од УБК и тогашниот директор на институцијата Владимир Атанасов но и Александар Василевски Нинџа. Дека имало оружје кај дел од обвинетите потврди обвинетиот Захарие Симовски.Тој во својот исказ тврдеше дека Игор југ, кој е обвинет дека требало да го ликвидира Зоран Заев, како и Јане Ченто и лично тој носеле оружје. Симовски тврдеше дека активностите на екс директорот на УБК не престанале по кравиот четврток.

„По 27 април, Владимир Атанасовски побара да се фрлат бомби во домовите на Петре Шилегов и на Радмила Шеќеринска, но и да му го запалиме автомобилот на Љубомир Фрчкоски. Јас им кажав дека кај Рада и кај Шилегов нема никој дома. Планот не се реализираше“,

Одбраната на Младеновски пак денеска посочи дека тој се бранел со вистината.

„Дел од неговиот исказ што го даде се совпадна со воведните говори од почетокот на судењето.“ - вели Сашо Христовски Липски, адвокат на Стефан Младеновски.

За случувањата во собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за помагање.

0 Коментари

Остави коментари