Симиќ отпадна од комбинација, без класичен центар против Естонија

 

Теодор Симиќ и Андреј Шошкиќ се кошаркарите кои отпаднаа од комбинација за претпоследниот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2025, в петок, против Естонија... 

Селекторот Александар Јончевски мораше да се откаже од Симиќ, кој има здравствени проблеми со покачена телесна температура... Тоа значи дека во составот нема да имаме класичен центар и дека Бојан Крстевски и Страхил Николов ќе мора да покријат на таа позиција... 

Репрезентацијата денеска патува за Талин, додека натпреварот е закажан за в петок од 18 часот... Арената „Унибет“ со капацитет од 7000  гледачи е комплетно распродадена и Македонија во пеколна атмосфера ќе брка победа со повеќе од шест поени за да остане во игра за пласман на Европското првенство...